Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Култура , Македонија
PrintPdf
Изложба на скулптурите на Арнаудов во Прилеп
Автор: Редакција ФОРУМ     10:52 | 11 март 2010

Утре во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ во 19 часот ќе биде отворена изложба на скулптури, слики и цртежи од академскиот уметник Симеон Арнаудов, кој ќе се претстави со 30 дела преку кои ќе може да се проследи континуитетот и определените константи во неговото творештво


Скулптурите се направени во камен блок и преку нив се ослободени облици со органски белези кои ја имаат силата и убавината на природата од која настанале. Всушност, идејата за делата се раѓа во една глава, живее во едно суштество кое ја изнесува на светлината на денот, вели Арнаудов.
Делата се составени од апстрактни ритми на меко заоблени форми издлабени  од едно парче мермер, на чија површина Арнаудов врежува линии чиј ритам е комплементарен со внатрешниот ритам на скулптурата со ритамот на надворешните контурни линии на делото. Скулптурите на авторот ги следат сензациите на човековото опкружување и многу пријатно делуваат.
Оттаму, Владимир Величковски за делата на Арнаудов ќе рече „дека авторот одбрал да соработува со природата и во моментот на вдахновението на скулптурата и дава човечка смисла на убавина.“
Симеон Арнаудов е роден 1943 г. во Стојаково, а по основното и средното образовани завршува Академија за ликовни уметности во Белград во 1969 г. во класата на Јован Кратохвил и Миша Поповиќ. Во тој период ја посетувал Школата за убави уметности во Париз. Од 1980 г. е член на ДЛУМ. Има повеќе самостојни и групни изложби, учествувал на ликовни колонии во земјата и странство. Добитник е на наградата  златна плакета ,,Нерешки мајстори“ и на ДЛУМ „Голема графичка награда“.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Култура

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...