Руски бомбардери пресретнати од ловци на НАТО

(РИА Новости)
Два руски стратешки бомбардера од типот ТУ-160 од Американците наречен „блекџек“ биел пресретнати во четири ловци на НАТО, соопшти руското министерство за одбрана
Според портпаролот, полковникот Владимир Дрик, руските бомбардери биле во рутински лет над Аталнтикот и Арктикот по 11 часови минати во воздух биле пресретнати од два норвешки ловци од типот F-16 Fighting Falcons на кои им се придружиле и две „торнада“ на британската кралска авијација, во составот на НАТО.
Дрик нагласил дека ова е првпат руските стратешки бомбардери да бидат следени од толкав број авиони на Алијансата.
Инаку руската воена авијација на 29-ти септември 2009 г. кога ги започна со долгите летови на нејзините стратешки авиони јави за блиска средба са американски F-22 Raptor.
Русија од август 2007 г. презема нови мисии на патролирање над Пацифик, Атлантик и Арктик и досега обично овие летови се оддалеку следени од американските ловци-бомбардери.
Москва тврди дека овие летови се изведуваат строго според меѓународното право за користење на воздушниот простор над неутралните води без навлегување во воздушните простори на други држави.
Откако Русија го изведе првиот лет на својот авион од ткн. петта генерација на „стелтови“ се почести се пробните летови на прототипот наречен Т-50, кој во составот на руското воено воздухопловство треба да влезе во 2015 г., додека САД од 2012 г. планираат усовршениот тип ловец-бомбардер F-35 Lightning II.