Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Шоубизнис
PrintPdf
Нов сингл од Кристина Арнаудова
14:28 | 28 јуни 2010

„Love you for life “ односно ,, Те сакам до крај “ е првиот сингл од новиот албум на Кристина Арнаудова кој деновиве се пушти во музичкиот етер.


Песната е комплетно отсвирена во живо со повеќе од 20 музичари во едно од најголемите студија во Лос Анѓелес, а само вокалот на Кристина се снимаше во Македонија во студиото ,, До Ре Ми“ каде што ќе продолжи снимањето на вокалите за албумот кој треба да излезе наредната година.

„На овој албум работат луѓе кои речиси никогаш не работат за други изведувачи и затоа е уште поуникатен. „Прљаво казалиште“ односно Јасенко Хоура работи на композиции и текстови на хрватски, човек кој е своевидна икона на балканската музика и за кој сум посебно горда што можам да го наречам свој соработник, бидејќи е познат по тоа што речиси никогаш не работи за никого освен за „Прљаво казалиште“. Тука е и Мајкл Ли Џексон, амерички композитор и гитарист најверен соработник на Јан Гилан од „Дип Парпл“, кој го сработи првиот сингл и кој ќе работи и на останатите композиции, Кокан Димушевски од „Леб и сол“ кој исклучително го почитувам како музичар работи на тонска продукција и на една композиција и аранжман. Јас се јавувам како автор на една песна како и секогаш. Верувам дека овој проект ќе биде нешто на што целиот мој живот ќе бидам посебно горда.“ изјави за порталот на „Форум“ Кристина Арнаудова.

Американскиот пазар во текот на следниот месец ќе го чуе нејзиниот прв сингл, а за тоа се задолжени луѓето кои се дел од нејзиниот американски тим. Албумот се подготвува за македонскиот, хрватскиот и српскиот пазар како и за пазарите со англиско говорно подрачје.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Шоу-бизнис

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...