Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Спорт , Свет
PrintPdf
Марадона обвинува дека бил предаден и излажан
Автор: Редакција ФОРУМ     13:10 | 29 јули 2010

Легендарниот Диего Марадона, кој не доби нов договор на местото селектор на аргентинската репрезентација, обвини дека бил излажан и предаден од раководството на фудбалската федерација

Диего Армандо Марадона изјави дека директорот на аргентинската фудбалска федерација Карлос Билардо и претседателот Хулио Грондона работеле против него.
„Тие ме повикаа да ги изгладиме работите и да го згаснеме огнот и ние тоа го сторивме.  Грондона ме излажа, а Билардо ме предаде“, изјави Марадона.
Билардо беше селектор на Аргентина во 1986 година, кога репрезентацијата предводена од Марадона стана светски шампион.
„Дадов се од себе. Уверен сум дека аргентинскиот фудбал треба да биде во подобра позиција. Се обидов на играчите да им ја пренесам гордоста што ја чувствувам дека сум Аргентинец“, рече Марадона.
Аргентина под водство на Марадона беше елиминирана од последното Светско првенство во четвртфиналето, откако загуби од Германија со 0:4.
На местото на Марадона привремено е назначен селекторот на младата репрезентација до 20 години, Серџо Батиста.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Спорт

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...