Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Спорт , Македонија
PrintPdf
Лино Червар се концентрира само на Металург
Автор: Редакција ФОРУМ     16:34 | 29 јули 2010

Трофејниот хрватски ракометен стручњак Лино Червар денеска објави дека по осум успешни години го напушта селекторското место во хрватската репрезентација

Еден од најдорбтите светски ракометни стручњаци Лино Червар ваквата одлука ја образложи со обврските коишто ги има кон македонскиот ракометен шампион Металург, чиј тренер е веќе втора година.
Хрватските медиуми наведуваат дека Червар и Ракометниот сојуз на Хрватска во изминатите месеци воделе преговори околу продолжување на договорот, но не успеале да најдат заеднички јазик.
Червар за време на изминатото Европско првенство, што на почетокот на годината се одржа во Австрија, поднесе оставка, но подоцна се предомисли.
Познатиот тренер на чело на Хрватската репрезентација дојде во 2002 година и успеа да освои шест медали на големите натпреварувања.
Металург под водство на Червар годинава ќе се обиде да оствари забележителен настап во Лигата на шампиони.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Спорт

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...