Интер на стартот против Болоња
Во миланската палата Мецаноте во четврток беше објавен жребот за новото фудбалско првенство на Серија А кое почнува на 28 и 29 август
Актиелниот шампион во првото коло ќе и гостува на Болоња, Јувентус во Бари а Милан на „Сан Сиро“ го пречекува Лече, додека Рома на домашен терен ќе ја пречека Чезена која е новиот член на најсилната италијанска лига.
Првото големо дерби доаѓа дури во 5-то коло кога во Рим ќе се сретнат минатогодишниот шампион и вицешампион, односно Рома и Интер. Освојувачот на тројната круна минатата година веќе во следното коло ќе игра против Јувентус, а во 9-то коло е средбата меѓу Милан и Јувентус.
Големот миланско дерби меѓу Интер и Милан се игра во 12-то коло кое е закажано за 14-ти ноември.
Двојките за комплетното 1-то коло во Серија А се: Бари - Јувентус, Болоња - Интер, Киево - Катанија, Фиорентина - Наполим Милан - Лече, Палермо - Каљарим Парма - Бреша, Рома - Чезена, Сампдориа - Лацио, Удинезе - Џенова.