Тетекс се враќа со полна мрежа

Скопје, арена „Филип Втори“, 22 јули 2010, Европа лига, Тетекс – Вентспилс 3:1 (2:0)
Фото: Филип ПОПОВСКИ (Форум)
Вториот македонски претставник во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, Тетекс претрпе висок пораз од 5:0 на гостувањето во Шведска
Елфсборг се покажа пресилен за македонскиот тим и речиси сигурно обезбеди пласман во следната рунда.
Стрелци за домашната екипа беа Ишизаки (29 минута), Свенсон (50), Авдиќ (57), Нордмарк (66) и Кин (77).
Реванш мечот кој е на програмата на 5 август ќе биде само формалност, бидејќи малку е веројатно дека Тетекс ќе успее да ја надополни оваа разлика.