Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Спорт , Македонија
PrintPdf
Работнички загуби со алиби игра без обид за погодок
Автор: Редакција ФОРУМ     11:32 | 30 јули 2010

Работнички – Ливерпул 0:2 (0:1). Одлуката на Рој Хоџсон да ги изостави ѕвездите на тимот на првиот меч во Скопје се покажа исправна


Единствено гледачите жалеа што немаа можност во живо да ги видат Торес, Џерард, Џо Кол, Пепе Реина, Маскерано, Џејми Карагер и останатите. Но се покажа дека и овој тим на Ливерпул е доволен за победа во Скопје и спокоен реванш дома.
Првите петнаесетина минути минаа во колку толку рамноправна игра без некои поголеми шанси за погодок, освен во 12 минута кога Богатинов со истрчување надвор од 16 – те метри мораше да спречи контра. Но, само пет минути подоцна по голема грешка на одбраната на Работнички, откако Лопес и Богатинов се размислуваа кој да ја исфрли уфрлената топка во шеснаесетникот, Давид Нгог ја искористи нерешителноста на овие двајца, само ги префрли и ја спроведе топката во голот.
И вториот гол е дело на истиот играч во 58 минута бидејки нафрлената топка од десната страна ја прифати сам непречен од никого како да не постоеше одбрана на Работнички, и постигна гол од четири метри што е уметност да се промаши, со што го реши прашањето на победникот.
Ливерпул не бриљираше. Можеби играше и со половина гас, но тоа не е оправдување за играта на Работнички. Едноставно тие во целиот меч упатија само еден удар во рамките на голот и тој беше повеќе како додавање топка на голманот.
Фудбалерите во црвено или беа премногу импресионирани, или со задржувањето на топката во своите нозе што подолго време, сакаа да загубат со што помала разлика. Ваква алиби игра, без желба за погодок предизвика свирежи од 20 илјадата публика која бараше да види барем еднаш да се затресе мрежата на славниот Ливерпул, па макар загубиле и со 5:1. Како и да е годинешната одисеја на нашите клубови во УЕФА Европа лигата завршува наредната недела.
„По примениот прв гол моите фудбалери паднаа на психолошки план. Играчите го дадоа својот максимум, но беа премногу фасцинирани од големината на противникот. Ливерпул без оглед со кои играчи настапува, пак е Ливерпул, и тоа го покажа на овој меч. Генерално задоволни сме од постигнатото оваа година во Лигата на Европа“, изјави тренерот на Работнички Зоран Стратев.
„Настапивме со играчи кои досега многу малку имаа можност да играат за првиот тим и со неколкумина кои имаа само две три недели тренинг по одморите. Но шансата ја искористија, посебно Нгог, кој што на тренинзите силно работеше и тоа го материјализира со два гола“, рече Рој Хоџсон, тренер на Ливерпул.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Спорт

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...