Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Спорт , Свет
PrintPdf
Русите прават збирка на медали на
Автор: Редакција ФОРУМ     15:58 | 30 јули 2010

(Life)
На Европското првенство во атлетика во Барселона Русија со девет освоени медали, од кои три златни, води на листата на носители на медали пред Франција со седум, а Британија засега има пет одличја

Јохан Диниз од Франција победи на одење на 50 километри со време од 3 часа, 40.37 Пољакот Грегож Судол (3:42.24) беше втор, а Сергеј Бакулин од Русија (3:43.26) трет.
Вероника Саилер од Германија со 11.10 победи на 100 метри пред французинките Вероник Манг и Мириам Вероник со една стотинка послабо време.
Филип Идову (Британија) победи во трискок со скок од 17,31 метри, Маријан Опреа од Романија го освои среброто со должина од 17,51 м., а Французинот Теди Тамго, светски првак во сала, дојде само до бронзата.
Русинот Александер Шустов со 2.33 метри победи во скок во височина, пред сонародникот Иван Уков со два сантиметри послаб скок.
Десетобојот беше одлучен во трката на 1.500 метри. Французинот Ромен Барас имаше само пет поени предност пред Еико Сентниколас. На трката победи Ханс Ван Алпен од Белгија, а Барас пристигна втор што му беше доволно за севкупна победа со 8.453 поени. Среброто му припадна на Сентниколас (8.436), а бронзениот медал го освои Белорусинот Андреј Кравчанка (8.370).


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Спорт

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...