Кедира пет години во Реал
Германскиот бундеслигаш Штутгард официјално објави дека нивниот 23-годишен играч од последниот ред на одбраната е продаден на мадридски Реал
Германскиот репрезентативец со туниско потекло Сами Кедира треба да го потпише петгодишниот договор до Реал Мадрид, откако ќе биде извршен и последниот детален медицински преглед, кој е закажан за сабота претпладне, пишува шпанскиот спортски печат денеска.
Според различните медиумски извори, „кралевите“ платиле меѓу десет и 14 милиони евра за раскинување на договорот меѓу него и Штутгард кој важеше до крајот на сезоната 2010/2011-та. Инаку Кедира во германскиот прволигаш дојде во 1995 г., уште како осумгодишно момченце.
Кедира во Реал доаѓа по изричната желба на португалскиот стратег Жозе Мурињо кој беше восхитен од неговите игри на мундијалот во Јужна Африка, на кој настапи како замена за повредениот репрезентативен капитен Михаил Балак.
Кедира е седмиот германски фудбалер во историјата кој настапувал во дресот на еден од најтрофејните светски клубови Реал Мадрид. Пред него тоа го сторија легендарните баварци Гинтер Нецер и Паул Брајтнeр, па Бернд Шустер, Ули Штилике, Бодо Илгнер и Кристоф Мецелдер.