Бразилски фудбалер обвинет за грозоморно убиство
Бразилската полција и официјално го обвини поранешниот голман на Фламенго, Бруно, за убиство на неговата љубовница со која имал петмесечно синче
Освен против 25-годишниот Бруно Фернандез де Соуза, обвинение за убиството на Елиза Силва Самудио е подигнато и против уште седум лица, меѓу кои е и сопругата на фудбалерот Дајана Родригез.
Полцијата тврди дека има доволно цврсти докази за злосторството, иако телото на Дамудио се уште не е пронајдено.
„Собравме доволно докази против Бруно и неговите помагачи. Успеавме да ги склопиме сите делови од мозаикот“, изјавил главниот полициски инспектор, Едсон Мореира, пренесе Reuters.
Младат девојка исчезна пред еден месец, а полицијата се соменва дека е брутално претепана и задавена, по што била исечена на делови а со деловите од нејзиното тело биле хранети кучиња.
Ова убситво ја шокираше бразилскат ајавност, особено затоа што во земјата каде фудбалот е главната работа, Бруноо беше лидер и капитен на еден од најстарите фудбалски клубови Фламенго, а беше и еден од најпопуларните бразилски голмани. Ова лето се шпекулираше дека Бруно ќе замине во некој од богатите европски клубови, а најмногу интерес за него покажаа португалскиот Порто и италијански Милан.
Отакао беше ставен во притвор, неговиот матичен клуб Фламенго му врачи отказ.