Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Спорт , Свет
PrintPdf
Мерлин Оти на 50 години трчаше во штафета
Автор: Редакција ФОРУМ     13:24 | 31 јули 2010

Легендарната спринтерка Мерлин Оти денеска влезе во историјата како најстара атлетичарка учесник на Европско првенство, откако со своите 50 години се појави на атлетската патека

Оти, која потекнува од Јамајка, денеска трчаше во штафетата на Словенија во квалификациската трка 4x100 метри, со што го собори досегашниот рекорд на француската Никол Бракебуш Левек, која на 47 години трчаше маратон на Европско првенство.
Учеството на Оти на денешната трка не беше многу успешно, бидејќи репрезентацијата на Словенија е елиминирана во квалификациите.
Оти во кариерата има освоено 29 медали на големите натпреварувања, од кои седум на Олимписките игри.
Првиот медал атлетичарката од Јамајка го има освоено на Олимписките игри во Москва во 1980 г., а последниот медал во Сиднеј 2000 година, кога на 40 годишна возраст го освои бронзениот медал.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Спорт

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...