Рафаел Маркез ја напушти Барса
Шпанскиот фудбалски шампион објави во сабота дека капитенот на мексиканската репрезентација го напуштил клубот со заедничко раскинување на договорот
Триесет иедно-годишниот Рафаел Маркез како што беше најавено, треба да ја продолжи кариерата во професионалната американска фудбалска лига MLS, во редовите на њујоршкиот Red Bulls. Меѓутоа од управата на американскиот клуб се уште нема потврда на овој трансфер.
Маркез во њујоршкиот клуб треба да му се придружи на својот довчерашен клупски колега од Барселона, францускиот репрезентативен напаѓач Тиери Анри.
Покрај Маркез и Анри, летово редовите на каталонците ги напуштија и Украинецот Дмитро Чигринскиј кој се врати во матичниот Шахтјор, како и Јаја Туре кој мина во англискиот премиерлигаш Манчестер сити.