Арсенал и Милан ремизираа на „Емирати“

(The Sun)
На традиционалниот фудбалски турнир што е одржува во пресрет на новата сезона во „тобџиите“ и „росонерите“ одиграа мирољубиво 1:1
Арсенал поведе со голот на новодојденецот во неговите редови Маруан Шамах, во 36. минута, кому ова му беше деби настапа пред домашната лондонска публика. Милан изедначи во 77. минута, откако во првиот обид не успеа Алесандре Пато, а топката во мрежата ја втера Џанлука Ѕамброта.
Претходно во првиот меч на турнирот француски Лион и шкотски Селтик исто така одиграа нерешено 2:2.
Во неделата, Арсенал се среќава со Селтик, а во вториот меч силите ќе ги одмерат Лион и Милан.
Системот на бодирање на овој турнир е вообичаен за победа се добиваат три бода, а за нерешено еден, но за секој постигнат гол се додава по бод. Исто така, за конечниот победник на Емирати куп 2010 ќе се пресметуваат и упатените удари кон противничкиот гол и други параметри важни за фудбалската игра.