Врвот на СДСМ заедно со голема група членови на партијата се собраа денеска пред Основен суд 1 во знак на протест против апсењето на Зоран Заев, градоначалникот на Струмица и потпретседателот на СДСМ.
Зоран Заев и останатите негови соработници кои вчера беа уапсени и повеќе од 12 часа даваа исказ пред истражен судија во Основниот суд Скопје 1, ќе се бранат од слобода.
По ослободувањето, пред зградата на судот Заев беше еуфорично пречекан од стотици членови и симпатизери на СДСМ.
Според информации на www.forum.com.mk, Регулаторната комисија денеска одржала работна средба на која биле разгледани сите економски параметри што одат во прилог парното во Скопје да порасне за рекордни 60,35 остсто!
„Прашањето за државното име на Македонија е внатрешен проблем на
Европската Унија и НАТО и тие самите треба тоа да го решат во односите
со Атина. Македонија ги исполни критериумите за пристапување во ЕУ и
НАТО, меѓутоа Македонците ќе пристапат во нив тогаш кога Брисел и
Стразбур ќе се справат со грчкиот геноцид и антимакедонизмот на Атина,
како последен бастион на фашизмот, расизмот и антисемитизмот во Европа,
чии заложници за жал сé уште се“… се истакнува во соопштението на
Светскиот Македонски Конгрес.