Претставено логото за ЕП во фудбал 2012
Официјалното лого на Европското првенство кое ќе се одржи во Полска и Украина во 2012 година денеска беше промовиран на Михаеливска плоштадот во Киев
Претседателот на полската фудбалска асоцијација, Грегорж Лато, претседателот на украинската фудбалска асоцијација Григориј Суркис и претседателот на УЕФА, Мишел Платини, го открија логото за Европското првенство, а на церемонијата присуствуваа претседателот на Украина Виктор Јушченко и премиерот Јулија Тимошенко, како и претставници од градовите-домаќини.
Логото има мотив од „Вичинака“, традиционалната уметност од хартија која и денес се практикува во руралните области во Полска и Украина.
Исто така, логото за ЕП 2012 и’ оддава почит на флората и фауната во Полска и Украина.
Слоганот за ЕП 2012 гласи „Креирање историја заедно“, бидејќи Европското првенство како настан ќе се најде и во учебниците и во историските книги во двете земји.
„Букетот цвеќе“, како што е исто така наречено логото, претставува две различни цвеќиња за секоја од земјите-домаќини, а во центарот е топка која го симболизира фудбалот.