Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Македонија , Надворешна политика
PrintPdf
Иванов: Ако Македонија е безбедносно прашање зошто не се дозволи влез во НАТО?
Автор: Редакција ФОРУМ     13:29 | 06 февруари 2010

Без прием на целиот регион во евроатлантските структури, не може да се постигне трајна сигурност и безбедност во Европа, истакна претседателот Ѓорге Иванов на 46-та Безбедносна конференција во Минхен

Наметнатиот спор од страна на Грција за разликите околу името, претседателот Ѓорге Иванов го посочи како главен за интергирањето на Македонија во ЕУ и влез во НАТО, на денешната конференција за безбедност во Минхен, изразувајќи жалење што и покрај отстапките што Македонија ги направи таа е надвор ои од НАТО и од ЕУ.

“Ако аргументот на Грција беше дека Македонија претставува безбедносно прашање, со тоа што се вика Република Македонија, тогаш зашто Грција го спречи нашиот влез во НАТО? Зошто Грција се осмели да прекрши меѓународен договор, Времената спогодба од 1995-та и не дозволи Република Македонија да влезе во НАТО со привремената референца која се користи во ОН? “, праша претседтелот Ѓорге Иванов во своето обраќање на 46-та Безбедносна конференција во Минхен.

Според претседателот Иванов брз прием на целиот регион во евроатлантските структури, не може да се постигне сигурност и безбедност.

„На нашиот регион денес му е потребно она што јас би го нарекол Pax Europana. Затоа што самата европска идеја е мировен проект. Сега е повторно моментот, преку Балканот, европската идеја да продуцира мир“, рече Иванов.

Серијата на конфликти од крајот на 20-от век, што ја зафати и Македонија во  2001 година создаде модел кој може да послужи во решавањето на сличните проблеми во другите делови од светот, а тоа е Охридксиот рамковен договор, смета Иванов.

„Република Македонија, во сложени околности, успеа да ги исполни реформите и да ги достигне стандардите. Успеа да постигне компатибилност со НАТО стандардите, успеа да се подготви за почеток на пристапните преговори со ЕУ, и веќе втора деценија во континуитет оддржува макроекономска стабилност според стандардите на ЕУ“, рече Иванов на состанокот во Минхен.

Тој ги нагласи присуството на Македонија во мировните мисии иако се уште не е членка Алијансата и демаркацијата на северната границата со Косово и градењето добрососедски односи како фактор за безбедност.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Македонија

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...