Нeoбјавени фотографии на Мерилин Монро
Фотографии со релаксираната холивудска ѕвезда во њујоршки стан биле понудени на продажба откако 45-години стоеле во приватна збирка
Црно-белите фотографии направени во декември 1961 г., девет месеци пред се’ уште мистериозната смрт на Мерилини Монро, ги направил фотографот Лен Стеклер, кога таа неочекувано дошла во неговиот апартман да се сретне со пријателот Карл Санбург, тогаш добитник на Пулицеровата награда за поезија.
Стеклер сликите ги понудил како ограничена серија под името „Marilyn Monroe: The Visit“, во кај се четири единечни фотографии и два триптиха на кои Мерилин носи очила за сонце со дебели рамки и фустан со куси ракава. На фотографиите таа зазговара со Санбург и се смее. Во продажба ќе бидат пуштени 250 копии од секоја од понудените фотографии.
Стеклер изјавил дека тоа попладне Санбург рекол дека некој ќе ги посети и неколку часа подоцна се појавила Мерилин.
„Ја отворив вратата и пред мене се најде Мерилин Монро. Беше попривлечна отколку на екранот“, се присетува Стеклер на средбата, кој додава дека по фотографиите сите биел „Џек Даниелс“.
Тој вели дека му се извинила за доцнењето, затоа што била на фризер за да и’ ја бојосаат косата како на Сандбург. Така на овие фотографии косат на Мерилин е сосема бела. Таа тогаш имала 35, а Сандбург 83 години.