Хитлер земал спид и сперма од бик
Нацистичкиот водач земал дури 82 различни вида лекови и помали дози метамфетамини, кои подоцна се наречени Хитлеров спид
Овие податоци ги презентираат историчарите Хенрик Еберле и Ханс-Јоаким Неуман во книгата која се занимава со темата дали Адолф Хитлер бил болен, пренесува Spiegel Online.
Двајцата истражувачи за здравствената состојба на фашистичкиот лидер ги пронашле прекопувајќи ги многуте медицински архиви и доверливи документи. Тие потенцираат дека Хитлер дека секогаш претпочитал инјекции наместо апчиња.
Медицинските белешки покажувале дека Хитлер земла коктел од лекови, а еден од нив бил комбинација од сперма и излачувања од жлезди на млад бик. Тој имено сметал дека тоа е многу ефикасен афродизијак бидејќи се преполни со машкиот хормон тестостерон. Како што забележуваат истражувачите, најверојатно за да ја импресионира 23 години помладата Ева Браун.
Во книгата било нагласено дека лекарите не се осмелувале да му противречат на Хитлер, па му препишувале многу лекови, а меѓу другото и помали дози метамфетамин.
Но Еберле и Неуман забележуваат дека ниту една од болестите на кои се жалел Хитлер, како ниту еден од лековите кои ги примал е влијаеле врз неговата свест, па заклучиле дека сите одлуки ги носел сосема свесно за нивните псоледици.