Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Македонија
PrintPdf
Албанската полиција бара убиец во Македонија
Автор: Редакција ФОРУМ     10:02 | 08 февруари 2010

Поврзани вести
Албанец осомничен за убиство најверојатно се крие во пограничните региони во Македонија, истакнуваат албанските гласила, а сомнежи има и од албанската полиција

Албанската полиција побарала вклучување и на Македонската полиција во потрагата по 55-годишниот убиец, албанскиот државјанин,  Хаки Миска, од селото Превала, кој деновиве со секира ја уби својата 75-годишна  мајка, а ја повреди и својата ќерка.

Директорот на Полицијата во градот Елбасан, Сајмир Муча, за тиранскиот  весник Шќип изјави дека побарал од полициските власти во Македонија  да се вклучат во потрагата, бидејќи селото каде што е извршено убиството е само на 2 часа оддалеченост од границата со Македонија.

Тој изјави дека добил позитивен одговор од македонската полиција. Албанската полиција речиси цела недела без успех врши потрага по убиецот, за кој има сомнежи дека е добро наоружан .

За убиецот, постои и сомнение  дека пред десет години ја убил и неговата сопруга, која исчезнала и до сега нема ниту трага од неа.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Македонија

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Треба трпение за резултати од реформи

Несинхронизираност на фискалната и монетарната пол...