Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Свет , Регион
PrintPdf
Србија ќе расправа за резолуцијата за Сребреница
13:37 | 08 февруари 2010

Претседателот на српското Собрание Славица Ѓуќиќ Дејановиќ изјави дека очекува парламентарната резолуција за Сребреница да биде усвоена за следните 20 денови, а најдоцна во првите денови на март.

Таа наведе дека се уште нема пратеничка иницијатива за закажување вонредна седница за собраниската резолуција за Сребреница, но дека пратеничките групи активно работат на текстот на резолуцијата.

Дејановиќ вели дека за усогласување на текстот на резолуцијата не е проблем терминологијата и покрај разликите меѓу партиите за тоа како да се окараткеризира масакрот во Сребреница - како тешко злосторство“ “геноцид“.

Очигледно е дека не беше реално за толку кусо време да се најде во Парламентот. Ова е месец во кој се вршат консултации со цел за резолуцијата да гласаат што поширока група пратеници. Истражувањата дека 67 отсто од граѓаните го осудува злосторството во Сребреница и наша обврска меѓу друго и кон нив, е да усвоиме таква резолуција, вели Дејановиќ.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Свет

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Утре лидерска средба

Премиерот Никола Груевски за утре попладне ја зака...