Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Култура
PrintPdf
Кокино да се впише во листата на УНЕСКО
Автор: Редакција ФОРУМ     14:59 | 08 февруари 2010

Владата го прогласи локалитетот Кокино за културно наследство од особено значење во поткатегоријата исклучително значење, информираат од Министерството за култура

Во претстојниот период, како што информираат од Министерството, ќе се подигне иницијатива локалитетот да биде впишан во листата на светско наследство на УНЕСКО, кој досега беше впишан на тентативната листа (листа на чекање).

Со добивањето на третманот на светско наследство, за Кокино ќе се обезбедат неопходни правни и други услови за негово натамошно зачувување, трајно ќе се задржат податоците што оваа значајна споменична целина ги носи со себе, но истовремено ќе се спречат и идни дејства кои може да предизвикаат исчезнување на сведоштвото за постоењето на праисториските култури на ова подрачје“, вели Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура.

Паралелно со оваа активност, Министерството до Комитетот за Светско наследство во Париз ја достави и конечната верзија на Планот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион, по чие усвојување, според првите луѓе во култура, ќе добие многу конкретен и посоодветен третман на координирано управување од сите институции задолжени за негова заштита.

Во процедура е и донесување Закон за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион, со што ќе се обезбеди правна рамка за интегрирано управување со наследството во овој регион.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Култура

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Треба трпение за резултати од реформи

Несинхронизираност на фискалната и монетарната пол...