Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Надворешна политика
PrintPdf
Без датум средбите за името во Скопје и Атина
Автор: Катерина Нешкова     16:16 | 08 февруари 2010

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, се уште не може да ги договори средбите во Скопје и Атина поради набиените агенди на македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу

Не се знае ни која посета ќе биде прва, дали во Атина или во Скопје.
„Амбасадорот се уште работи на тоа да се најде заедничко прифатливо време за посета на регионот како одговор на поканите на двете влади. Штом датумот биде договорен, тој ќе биде и објавен“, се вели во кусата писмена информација од канцеларијата за односи со јавност на Бан Ки Мун, генерален секретар на ОН.

Како што првично беше објавено и потврдено од кабинетите на Груевски и Папандреу, Нимиц новата рунда за преговори ја побара до крајот на февруари.Претходно, пак поради презафатеност, како што официјално соопштија грчките власти, Папандреу одби и директна средба со Груевски во Скопје откако македонскиот премиер телефонски го покани својот грчки колега.

Нимиц во Скопје и Атина доаѓа во време на засилен меѓународен притисок за решавање на спорот со името, пред истекот на шпанското претседателство во Европската Унија.
Иако се очекува Нимиц да донесе нов сет идеи околу можното решение во спорот, посериозен напредок не се очекува. Владини извори од преговарачкиот тим велат дека на средбата на Нимиц ќе му биде предочено оти македонската страна никогаш нема да се прифати решение кое подразбира менување на Уставот, како и уцени од грчката страна за менување на македонскиот идентитет, нација и јазик.

Извори од македонскиот преговарачки тим велат дека методологијата Нимиц на одвоени средби да разговара со македонската и со грчката страна многу го олеснува процесот на преговори бидејќи двете страни биле посигурни во презентирањето и објаснувањето на своите позиции.
Посета на Македонија поради спорот со името во контекст на евроатлантските интеграции најави и претседавач со Советот на министри на ЕУ Мигел Анхел Моратинос, шпанскиот министер за надворешни работи.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Надворешна политика

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Треба трпение за резултати од реформи

Несинхронизираност на фискалната и монетарната пол...