Велосипедистот Зафиров го започнува патувањето низ Аргентина
По петдневна подготовка и адаптација во Буенос Аирес, Аргентина, велосипедистот Дејан Зафиров тргнува на патувањето до западниот брег на Јужна Америка
„Врне скоро секојдневно, по неколку часа, а температурата паѓа секој ден. Вчеравечер беше 20 степени. Но, локалните граѓани не предупредуваат дека тоа е само температура, која брзо ќе се врати на 36 до 38 степени Целзиусови со огромна влажност до 100 отсто“, пишува денеска на својата Фејсбук страна Зафиров.
На своето патешествие тој тргна на први февруари, а со една ампутирана нога и повреда на другата треба да помине околу 4.000
километри, од едниот до другиот брег на Јужна Америка.
Магазинот Форум и www.forum.com.mk го избра Зафиров за Форум личност за 2009 година во категоријата Живот, затоа што со својата упорност и желба за живот покрај хендикепот, претставува инспирација за сите.