Снег ги затвори федералните институции во САД
Вашингтон 08.02.2010 (Макфакс )- Американските федерални институции денеска ќе останат затворени како последица на снежното невреме кое викендов го зафати Вашингтон, јавија агенциите.
Околу 230.000 вработени во федералната администрација на САД денеска беа на „одмор“ кој според проценките ќе ја чини американската влада 100 милиони долари.
Покрај федералните институции, во Вашингтон денеска не работат и повеќето училишта и јавни установи.
Снежната бура предизвика огромни проблеми во сообраќајот, а неколку илјади домови останаа без електрична енергија.
Во некои делови на Вашингтон снежната покривка достигна и до 1,8 метри.
Метеоролозите предвидуваат дека во наредните неколку денови невремето ќе донесе нови наноси на снег.