Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Забава
PrintPdf
Преку Фејсбук дознале за смртта на братот
Автор: Ивана Настеска     17:22 | 08 февруари 2010

Сестрите Анџела и Мариана Вурлис од Австралија дознале преку Фејсбук дека нивниот брат загинал во сообраќајна несреќа, пред да ги извести полицијата

Сестрите во неделата ја отвориле страницата на Фејбук, со намера да прочитаат некои од коментарите на нивниот помлад брат, не знаејќи дека 17-годишниот брат Боби и уште двајца негови пријатели загинале.

„Ништо не ми беше јасно. Сите тие луѓе пишуваа ’Почивајте во мир Крис и Боби’, а ние се чудевме што се случува, изјавиле сестрите за „Sydney's Daily Telegraph“. Нивната мајка се јавила во локалната полиција од каде и’ потврдиле дека нејзиниот син е еден од тројцата тинејџери кои загинале во сообраќајна несреќа. Од полицијата изјавиле дека задоцниле да го известат семејството на загинатиот бидејќи не биле во можност веднаш да ги идентификуваат телата на тинејџерите.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Забава

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Утре лидерска средба

Премиерот Никола Груевски за утре попладне ја зака...