Скопје и Тирана поблиски за сто километри
Изградбата на автопатот „Арбери"од Тирана до граничниот премин во Дебар е многу важен и за Македонија бидејќи Скопје и Тирана на овој начин ќе бидат поблиску за околу сто километри
Ова го изјави министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски на средбата со албанскиот премиер Сали Бериша во Тирана.
Според Милошоски, Македонската влада има преземено активности за реконструкција за патот од Скопје - Дебар.
На средбата беше нагласена и потребата од забрзување на проектот „Коридор 8" кој е значаен за двете земји.
Милошоски оствари средба и со претседателката на Собранието, Јозефина Топали при што изјави дека Собранието не треба да се бојкотира од страна на опозицијата.
Мeѓу другото, министерот Милошоски се сретна и со албанскиот претседател Бамир Топи и нагласи дека Македонија и дава целосна поддршка на Албанија во врска со визната либерализација.
Шефот на македонската дипломатија на средбата со новинарите што ја одржа заедно со неговиот домаќин, Илир Мета изјави дека дава целосна поддршка на Пописотза етничка и верска припадност во Албанија кој треба да се одржи идната година, нагласувајќи дека „пописот ќе биде и во интерес на македонската заедница во Албанија и нејзиното интегрирање во албанското општество.
„Македонија ќе продолжи да биде модел за едно мултиетничко општество во кое ќе има функционална демократија, а потпишувањето на двата Протоколи за соработка меѓу министерствата и канцелариите за обука на дипломатски кадри, доволно говори за покажаната желба за интензивирање на односите меѓу двете земји“, беше нагласено по средбата меѓу двајцата министри.
Мета, коментирајќи ги мултиетничките состојби во Македонија изјави дека треба да се спроведе целосна имплементацијата на Охридскиот договор со кој ќе се промовира мирен развој и општествена хармонија.
Повеќе од Надворешна политика