Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Европа
PrintPdf
Брисел ја призна победата на Јанукович
20:10 | 08 февруари 2010

Високата претставничка за надворешна политика и потпретседателка на Европската Комисија, Катерин Ештон денеска ги поздрави претседателските избори во Украина како важно постигнување во демократскиот развој на земјата и ја истакна подготвеноста за соработка со новиот претседател


„Генерално мирна атмосфера во која беа спроведени изборите, отворена кампања во медиумите и фактот дека бирачкото тело имаше вистински избор претставува значајно достигнување во демократскиот развој на Украина.  Европската унија останува посветена на продлабочување на односите со Украина и ќе продолжи да ја поддржува нејзината програма за реформи и очекувам на соработка со новиот претседател ", рече Ештон во писмената изјава. Таа му честиташе на украинскиот народ за многубројниот одзив на гласачите во двете рунди и за покажаниот демократски процес.
Според последните резултати, кандидатот Виктор Јанукович победи со 48,61 отсто, а неговата противничка, Јулија Тимошенко освои 45,8 отсто од гласовите.
Претседателот на Европскиот Парламент Јержи Бузек исто така оцени дека украинските избори се спроведени на демократски начин и дека претставуваат голем успех за земјата.
„Изборите беа слободни и транспарентни, тоа го потврдија и набљудувачите од страна на Европскиот Парламент“, рече Бузек отварајќи пленарна седница на Европскиот Парламент во Стразбург.
Поразената Тимошенко ја одложи прес-конференцијата за новинарите за вторник.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Европа

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...