Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Македонија
PrintPdf
Спанаќот во притвор за саботниот пожар
20:40 | 08 февруари 2010

Кривична пријава и притвор за Христо Ѓорѓиевски Спанаќот чија куќа на улицата „Солунска“ број 240 во саботата целосно изгоре во пожар и ги зафати уште соседните две куќи


СВР Битола поднесе кривична пријава против 56-годишниот битолчанец со иницијали Х.Ѓ. Заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден, пријавениот заедно со кривичната пријава беше предаден кај Истражен судија од битолскиот Основен суд кој му определи мерка притвор во траење до 30 дена. Истовремено на пријавениот му е одредена и мерка задолжително лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар каде во арестанското одделение ќе го издржува притворот, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола.

Од битолската противпожарната единица велат дека саботната била една од најтешките интервенции во последните неколку години затоа што се работело за објекти во низа. Но најголем проблем со кој се соочија е електричната инсталација која за време на пожарот била под напон.

„Но, за среќа, објектот што гореше не беше под напон. Пожарникарите не би требале да интервенираат, но свесно се ставија во ризик и го ставија пожарот под контрола“, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ – Битола. 

Двете соседни куќи се делумно опожарени и оштетени. Додека едната е со внатрешно оштетување и со помала материјална штета, на другата се рушила покривната конструкција и имало поголемо внатрешно оштетување. Соседите велат дека ова очекувале да се случи. Пред две години исто имало помал пожар кој успеале да го изгаснат навреме.

„Интензивно две години одиме го пријавуваме во социјалното, комуналното. Не сакам да напаѓам никој, но до ден-денес беа глуви на нашите барања. НИ велеа бидете раат, но раат до завчера“, вели Наум Стефовски, сосед.

Но директорката на Центарот за социјални работи негира.

„Веќе две и пол години сум директор, такво барање од комшиите досега нема стигнато“, вели Виолета Гаџовска, директор на ЦСР.

Инаку на Христо Ѓорѓиевски Спанаќот со правосилно судско решение делумно му е одземена деловната способност во ноември 2008-та година поради душевно заболување. Врз основа на судското решение, Центарот за социјални работи постави старател во консултација со неговите роднини.

„Целата работа започна затоа што неговите тетки сакаа да ја заштитат својата сестра и нејзиното здравје. Досега немавме никаков наод и мислење од стручни лица дека кај Христо Ѓорѓиевски постои душевно заболување. Ние можеме само советодавно да делуваме, но конкретна активност не можеме да преземеме“, вели Гаџовска.

Пред околу 3 недели, досегашниот старател до Центарот доставил барање да биде изземен од старателството, а постапката за назначување нов старател е започната.

„Старателот еднаш годишно мора да поднесе извештај, за потрошените средства, за грижата на неговото здравје“, вели Гаџовска.

Гаџовска дополнува дека со оглед на одземената деловна способност, Ѓорѓиевски нема да може повеќе да се кандидира како политички кандидат, нешто што тој го правеше на секои избори.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Македонија

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
„Турчинките бараат слобода“

Иако тајниот состанок во домот на скопската шивачк...

Утре лидерска средба

Премиерот Никола Груевски за утре попладне ја зака...