Behind the
headlines
 
 
 
 
 
 
Спорт , Македонија
PrintPdf
Натпреварот против Грција во Олимписки базен?
Автор: Редакција ФОРУМ     16:06 | 26 февруари 2010

Поврзани вести
Постојат големи шанси ватерполо натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Грција да се одигра во Олимпискиот базен во Скопје

Ова денеска во Скопје го соопшти генералниот секретар на пливачката и ватерполо федерација, Стефан Пуленковски, додавајќи дека во моментов се полнат двата големи базени, Карпош и Олимпискиот базен во Скопје

Двоумењето за тоа на кој базен да се одигра натпреварот против Грција доаѓа од неколку причини. Прво, од бројот на публика, бидејќи Карпош базенот може да прими публика од 750 лица а Олимпискиот базен 2000 посетители ако се доградат дополнителни трибини.

Втора причина е заинтересираноста за овој натпревар и најважната работа безбедноста бидејќи сепак се работи за репрезентацијата на Грција, и меч од ризик. Олимпискиот базен е многу побезбеден бидејќи публиката е одвоена од базенот на поголемо растојание отколку во базенот Карпош.

„Неофицијално ветено е дека базенот Карпош нема да се затвори по одржувањето на натпреварот, и ќе продолжи да работи, под истите услови и цени кои ги имаше и пред да се затвори“ потврди Пуленовски.

Од друга страна федерацијата и Олимпискиот базен успеале да постигнат преддоговор, пливачката федерација го стопанисува и управува со спортскиот дел од базенот.

Сега преостанува да се одржи седница на управниот одбор за која треба да се одлучи дали федерацијата може да ги издржи условите. Пливачката федерација понатаму треба да се грижи за работата на базенот.

Стеван Нонковиќ, селекторот на Македонската ватерполо репрезентација изјави дека на натпреварот против Грција, Македонија ќе биде засилена за уште еден играч, Здравко Делаш кој игра на центарската позиција во Лацио, и родум од Сплит.

Селекторот Стеван Нонковиќ за натпреварот со Хрватска кој Македонија го загуби со резултат 9:12, изјави  дека тоа бил добар натпревар на кој Македонија постигна девет гола и тоа го радува, но Хрватска е толку силна што кога ние ќе дојдевме до два гола разлика, хрватите ќе се одлепат на три.

Натпреварот од Светската златна лига против репрезентацијата на Грција ќе се одржи на 16 март во Скопје.


Bookmark and Share

Горе

 
Повеќе од Спорт

CommentКоментари



Нема коментари


Внеси го твојот коментар




Login with Facebook
Актуелно
Балканската алтернативна армија

Агенции за обезбедување...

Eвробарометар: Опаѓа бројот на граѓани што сакаат влез на земјата во ЕУ

Речиси две третини од македонските граѓани сметаат...